Дали сте користеле можеби органско брашно?

Дали некогаш сте пробале да направите, месите нешто од органско брашно сомелено на камен? Оние што го имаат ова искуство, знаат дека разликата е навистина забележителна.

Меленото органско брашно на камен има свои предности. На пример, камењата мелат побавно, па зрната не се изложуваат на високи температури, а со тоа ги сочувува витамините кои се составен дел од зрното.

Се меле најчесто во мали количини, а тоа пак овозможува мастите да се распоредуваат подеднакво. Нутритивните загуби се минимални, а органското брашното мелено на камен се карактеризира со покрупни честички.

Ваквото органско брашно има подобар вкус и структура, побогато е со тиамин во споредба со индустриски добиеното брашно.

Органско јачменово брашно

 

Јачменот содржи природни протеини, витамин Б и важна аминокиселина лизин, која што нашиот организам не ја произведува.
Лизинот е важен елемент во градењето на протеините и го зајакнува имунитетот и исто има улога во намалување на триглицеридите во крвта. Во комбинација со витаминот Ц, лизинот ги обликува липопротеините и ги чисти крвните садови.
Исто така оваа амино киселина е непоходна за формирање на мускулите во телото.

Органско пченично брашно

 

Пченичното брашно е богато со влакна, железо, магнезиум и витамин Б6.

Житарките поради ниската температура која што се создава кога се мелат помеѓу два камена, ги задржуваат хранливите материи такви какви што се. Кога се меле останува во брашното дел од кората на житото која е богата со витамини и хранливи материи.
Житото може да биде сомелено свежо за секој што би сакал да подготви леб со свежо брашно.

 

Share:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Related Posts