Дознај повеќе
За нашиот тим
Почетоците
ДТУ “Липа” ДООЕЛ е формирана во 1994 година. Започнува како мала продавница во село Мустафино. Во 2000 година, “Липа” зема државно земјоделско земјиште под концесија. Првично се фокусира на производството на житни култури, детелина, сончоглед и лубеници, а подоцна и на еспарзета, трпезно и винско грозје, овошје (кајсии и сливи), и грав.
Во 2005 година, “Липа” ја сертифицира својата земјоделска површина како органска и се смета за еден од пионерите во Македонија во овој однос. “Липа” произведува органски на вкупно 52ха, а продуктите ги пласира воглавно на домашниот пазар. Од 2017, “Липа” извезува дел од своето органско производство во Швајцарија, за кое има Bio Suisse сертификат.
Целта на “Липа”
Целта на “Липа” се квалитетни земјоделски производи преку примената на одржливи органски пракси.
Во последниве две години Липа извезе органски зеленчуци на партнери органски фармери за фирма која прави мануфактурно производство на ајвар и разни видови на џемови и зимници од зеленчук од Србија произведени за Австрискиот пазар.
Први дознајте за сите попусти и промоции!
Пополнетеја формата подолу и дознајте први за попустите и промоциите кој ги нудиме!