Дали се’ што има налепница “органско“ може така и да се нарече?

Еден од најчестите, па и најкоментираните поими на денешницата е токму „органска храна“.
Дали се’ што има налепница „органско“ може навистина така да се нарече?
Органска храна е онаа што се одгледува без хемиски супстанци, адитиви и пестициди,
хормони, конзервански, вештачки ѓубрива… Храна директно од природата. Храна одгледана
на почва која минимум три години не била во допир со хемиски супстанци.


Во период кога целиот свет посегнува по ГМО инженеринг, по вештачки добиени бои и
вкусови, да се консумира органска храна е вистинско богатство, ќе се согласите.
Во еден научен проект, стручњаците направиле споредба, која во бројки изгледа вака:
органската храна содржи 27%, повеќе витамин Ц, 21% повеќе железо, 29% повеќе магнезиум и
13% повеќе фосфор од онаа која тоа не е.
Името органски производ, односно органска храна, е дадено поради органските материи и
методи со кои земјоделците ги заменуваат овие вештачки материи.


Во 2005 година, “Липа” ја сертифицира својата земјоделска површина како органска и се смета
за еден од пионерите во Македонија во овој однос. “Липа” произведува органски на вкупно
52ха, а продуктите ги пласира воглавно на домашниот пазар. Од 2017, “Липа” извезува дел од
своето органско производство во Швајцарија, за кое има Bio Suisse сертификат.
Зошто да посегнуваме по производи од други поднебја, кога во нашите производи имаме се’
што ни е потребно. Воедно, на овој начин се поддржува и локалната економија, а на нашето
тело му го даваме она што е најдобро за него и така вложуваме во нашето здравје, во
здравјето на нашите деца.

Share:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Leave a Comment

Your email address will not be published.

Related Posts