Органска фарма Липа Мустафино
Во 2021, во соработа со ETH Zürich од Швајцарија воспоставивме опитно поле за тестирање на заедничко производство на грав, наут и сирак. Овде би сакале да се осврнеме на тоа искуство. На првиот состанок во Мустафино присуствуваа преставници од Швајцарија, Шкотска, Земјоделскиот факултет во Скопје и преставници на ИМЕ програмата и фармери со долгогодишно иискуство во органско производство. Се утврдија целите на соработка и различните очекувања. Присутните имаа можност да пробаат локална храна секако подготвена од состојки произведени на нашата фарма .
Како започна проектот?
Проектот започна со идентификација на проблемите со кои се соочуваа производителите на грав од село Мустафино. Преку разговори со локалните фармери доктор Надине од Шваjцарскиот универизитет ETH Zürich констатираше дека еден од основните проблеми на фармерите е иригацијата со вода и топлотните ветерни бранови. Затоа целта на проектот беше да се развие и тестира агроеколошка метода за тестирање на тие проблеми. Опитното поле го поставивме на површина од еден хектар, активноста ја предводеа доктор Аканша и нејзиниот сопруг Дејвид од Швајцарија, а во неа се вклучија и жители на Мустафино и Пеширово, Загорка, Зоран, Кико, Игор и Руле, Благица, Данче и Снеже. Благодариме за учеството и вложениот труд. Благодарност и до Иван и студентите на Штипскиот факултет Гоце Делчев.
Сeкако, постоеше сомнеж како тоа, три кулури на едно место ? Зар ке биде нешто од ова ? -често прашуваа селаните кои помагаа во работата.
Три култури на едно место
Сепак, крајот го краси делото. Се покажа дека гравот е добар другар со наутот и сиракот и дека тие можат да живеат во симбиоза. Се покажа дека преку заедничкото производство на овие култури се намалува испарувањето на вода од полето, со што се зголемува нивната издржливост на високите температури. Се покажа и дека овчеполските птици го обожааваат сиракот, всушност, едвај собравме нешто за семе! Но плодна и дарежлива е нашата земја. Храна има и за нас и за птиците.
Научивме многу преку овој проект. Направивме и многу грешки со нестрпление ги очекуваме резултатите во април оваа година и секако со нестрпление очекуваме да продолжиме понатаму.