Маџун – лек за сите возрасти

За маџунот велат дека се прави потешко и од виното. Во минатото, луѓето знаеле да
кажат дека маџунот од бело грозје е храна, а оној од црвено – лек. Нашиот маџун се
прави од од органско грозје и  со изварување на гроздовиот сок исцеден од меленото
грозје од висококвалитетни  бели и црвени сорти грозје, па истовремено е и хранлив и
здрав.


И навистина, маџунот и илјадници години подоцна е еден од најприродните и
најсилните лекови кои можете да ги имате во домот.
Одличен за јакнење на имунитет, што со овој начин на живот ни е посебно потребно.
Ако патите од анемија и треба да ја подобрите крвната слика – земете маџун.
При настинки и инфекции на дишните патишта – земете маџун
При наручена функција на црниот дроб – повторно помага маџун
При опстипација, прекумерна тежина, регнерација на тело – изборот е маџун.
И токму затоа го користат и возрасни и деца, а спортистите го имаат во својата
домашна кујна (и аптека).
Маџунот е гроздов засладувач, со густина како сируп или мед. 100% е природен и без
сомнеж можете да го користите како замена за шеќер.


Стручните лица велат дека е хранлив како и мајчиното млеко бидејќи е богат со
хидросолубилни витамини (В1, В2, Б6), потоа минерали (K, Na, Ca, P, Fe), танински
материи, флавоноиди, органски киселини.
Исто така, органискиот маџун е природен антиоксиданс, а содржи гроздов шеќер
(гликоза и фруктоза), па е супер избор при подготовка на торти, колачи, чај, млеко,
мусли. Ем се вкусни, ем ќе бидат и здрави!

Share:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Leave a Comment

Your email address will not be published.

Related Posts