Privacy policy

  1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Оваа Политика за приватност се однесува на www.lipa.com.mk   во сопственост на ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино, со седиште с.Мустафино, Свети Николе, со ЕМБС __________и дава информации за начинот на обработка на податоците на посетителите и корисниците, вклучително и персоналните информаци кои корисниците ги наведуваат и објавуваат на веб страната. Во овој документ исто така е наведено за што, на кој начин и во кои случаи ги користиме информациите за корисниците, вклучувајќи ги и персоналните информации и како може да пристапувате до нив и да ги ажурирате.

Со користењето и/или пристапувањето на www.lipa.com.mk, Вие ги прифаќате практиките, правилата и условите опишани во оваа Политика за приватност, како и нашите Правила и услови на користење.

Ние не ги продаваме, изнајмуваме, разменуваме или на друг начин ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, освен како што е тоа опишано во оваа Политика за приватност. Ние не ги побаруваме Вашите лични информации доколку тие не се неопходни. Не ги споделуваме Вашите лични информации со никого освен ако тоа не е согласно со законите, во цели за понатамошен развој на продуктот или со цел да ги заштитиме нашите права. Вашите лични информации ги чуваме само доколку ни требаат за услугите кои ги нудиме.

ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино е посветенa на заштита на приватноста на своите купувачи и корисници на www.lipa.com.mk  . Обработката на личните податоци на www.lipa.com.mk   се врши во согласност со оваа Политика за приватност и Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

  1. РЕГИСТРАЦИЈА

За време на процесот на регистрација, за успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на корисникот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон, во понатамошниот текст ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите корисници на www.lipa.com.mk. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

www.lipa.com.mk користи колачиња тнр. „cookies“за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да ви обезбеди погодности кои ќе ви заштедат време. Колачињата „cookies“се мали датотеки кои се зачувуваат на компјутерот на корисникот. Тие се дизајнирани да имаат скромна количина на податоци специфични за одреден клиент и веб сајт и може да се пристапи или од страна на веб серверот или клиент компјутерот. Ова му овозможува на серверот да достави прилагодена веб страна на одреден корисник, за подобра услуга.

Оваа Политика за приватност го покрива користењето на колачињата само од www.lipa.com.mk,

  1. ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци се обработуваат доброволно врз основа на согласност од корисниците и единствено за целта за која се собрани. www.lipa.com.mk ги обработува Вашите лични податоци за да ви овозможи пристап односно регистрација и користење на www.bebelfashion.mk и нејзините услуги.

ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино ги користи податоците на корисниците за да се создадат збирни податоци за статистички и аналитички цели во насока на подобрување на содржината и функционалноста на www.lipa.com.mk   и за збирно информирање на корисниците и/или трети лица.                                          

При регистрација на www.lipa.com.mk, Ви се нуди можност да дадете согласност за користење на вашите лични податоци (име, презиме, e-mail адреса) за цели на директен маркетинг односно за да добивате newsletter и промотивни пораки за услугите и активности на www.lipa.com.mk.  

Ако не сакате повеќе да добивате промотивни пораки, во секое време можете да ја повлечете ваквата согласност, доколку ги следите чекорите за одјавување (unsubscribe) што се наведени на крајот од секоја порака или доколку ни се обратите.

Ве молиме имајте предвид дека повремено може да ви испраќаме важни информации во врска со услугите, содржината и функционирањето на www.lipa.com.mk. Овие известувања не спаѓаат во директен маркетинг.

  1. КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ИНФОРМАЦИИТЕ
  • Личните информации кои ги имате внесено во системот, како што се Вашето име и презиме, e-mail адреса, се прикажуваат во администраторскиот дел од системот до кој пристапувате, но само доколку претходно се најавите.
  • ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино користи информации за Вашето користење на системот со цел испраќање на известувања кои се однесуваат на неговата работа.
  • Вашите информации може да ги користиме и откриеме при работата со трети компании, чии услуги ги користиме, со цел испраќање на пораки кои се однесуваат за нашите нови услуги или продукти.
  • Информациите кои ги собираме преку нашите логови се користат со цел идентификација на потенцијални случаи на злоупотреба на нашиот систем или со цел добивање на статистички информации за користење на системот.

Го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични информации доколку тоа се бара со закон или кога веруваме дека таквото откривање е неопходно со цел да ги заштитиме нашите права, или кога треба да постапиме во согласност со судската постапка, судски налог или правен процес кој нѐ вклучува нас или кој било од нашите соработници или партнери.

  1. ЛОГ ДАТОТЕКИ

Кога се пристапува до веб-страниците на Сајтот, ние автоматски собираме информации и ги зачувуваме во лог датотеки. Овие информациии ги вклучуват:  IP-адресите, адресите на страниците до кои се пристапува (URL), географските локации, типот на пребарувачите, интернет сервис провајдерите (ISP), оперативните системи, посетените страници, времето на посета и слично.

Ние ги користиме овие информации, кои не ги идентификуваат индивидуалните корисници, за статистички цели, за анализа на трендови, за да се администрираат веб-сајтовите, за да се гледа движењето на корисниците низ веб-сајтовите и за да се соберат демографски информации за нашата база на корисници во целина. Ние не ги поврзуваме овие автоматски собрани податоци со личните информации, освен во случај кога постои активност за која се смета дека е во конфликт со нашите Услови за користење. Во тој случај овие информации може да се искористат за да се идентификуваат корисниците кои ги прекршуваат Условите за користење или Политиката за приватност.

  1. ПРАВА НА СУБЈЕКОТОТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Корисниците како субјекти на лични податоци имаат право на пристап односно право да добијат дополнителни информации (дали се врши обработка на личните податоци; за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци; за видот на личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци) кое можат да го остварат со поднесување барање на следната електронска адреса hello@lipa.com.mk.

ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино е должен да одговори на субјектот на лични податоци, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Кога ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино одговорил на барањето на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Субјектот на личните податоци има право да побара исправка односно дополнување, менување, бришење или запирање на понатамошна обработка на личните податоци со поднесување барање на следната електронска адреса hello@lipa.com.mk.

За извршеното дополнување, измена или бришење на личните податоци ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето писмено да го извести субјектот на лични податоци, корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци.

Корисниците можат во секое време да пристапат, променат или избришат своите лични податоци преку најава на www.lipa.com.mk. со своето корисничко име и лозинка и пристапување до секцијата „Профил на корисникот. Доколку корисникот сака да го деактивира односно избрише својот профил, истото може да го направи со одбирање на опцијата „Деактивирај“во секцијата „Профил на корисникот“. Со деактивирањето односно бришењето на профилот ќе бидат избришани сите податоци за корисникот од hello@lipa.com.mk.

  1. ТАЈНОСТ, ЗАШТИТА И ОТКРИВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино презема и применува соодветни технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита при обработка на личните податоци заради спречување неовластено откривање или пристап или нивна евентуална злоупотреба во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија и интерните правила. Сите лица кои имаат пристап до лични податоци се обврзани да ги чуваат личните податоци како доверливи и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивната обработка.

ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино го задржува правото на откривање личните податоци на корисниците во случаи предвидени со закон или кога е неоходно за водење на судска постапка или за заштита на нашите права и интереси.

Корисниците се регистрираат и најавуваат на www.lipa.com.mk и може да пристапат до своите лични податоци со внесување на своето корисничко име и лозинка кои сами ја креираат. Лозинката треба да има вкупно 7 карактери (вклучувајќи најмалку една бројка и еден специјален знак) и да му биде позната единствено на корисникот. Ве советуваме да не ја споделувате вашата лозинката со никого. Веднаш известете нè и променете ја лозинката доколку сметате дека вашата лозинка е компромитирана на било кој начин.

  1. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

www.lipa.com.mk им дава на корисниците можност за комуникација и објавување на содржини на јавни мрежи како Twitter, Facebook, Google+, Instagram, Dropbox и др. Вашата интеракција на овие мрежи и сите информации кои ги објавувате преку нив се јавно видливи и достапни надвор од доменот на www.lipa.com.mk. Секоја социјална мрежа има своја политика за приватност. Доколку не сакате тие информации да бидат јавно достапни, тогаш не треба да ги користите овие можности на нашиот веб-сајт. Ние не сме одговорни за информациите кои ги објавувате на овој начин.

  1. КОМЕНТАРИ И КОРИСНИЧКИ СОДРЖИНИ

Доколку поставите коментари или кориснички содржини на Сајтот кои содржат персонални информации, треба да имате на ум дека истите може да бидат прочитани, преземени или искористени од страна на другите корисници и посетители на сајтот или од трети лица и компании. Ние не сме одговорни за овие информации и не може да гарантираме дека тие нема да бидат искористени од трети лица и/или надвор од Сајтот.

  1. ВРСКИ ДО ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ

Оваа Политика за приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку врски (линкови) поставени на нашата www.lipa.com.mk. Ние не сме одговорни за политиките или содржините на веб-страниците до кои има врски (линкови), ниту пак за каков било пренос на податоци кој настанал со веб-страницата до која има врска (линк). Со оглед дека посетата на трети веб-страници е на ваша одговорност и ризик, Ве советуваме да се запознаете со Политиките за приватност на овие страници.

  1. ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ

Со пристапување и/или користење на www.lipa.com.mk, Вие изјавувате дека сте се запознале и во потполност сте ги разбрале и прифатиле одредбите од оваа Политика за приватност и Правилата и условите за користење, вклучително и нивните последователни промени и сте одговорни повремено да ја проверувате нивната содржина, и дека давате изречна согласност за обработка на вашите лични податоци од страна на ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино.

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност и/или со Правилата и условите за користење би ве замолиле да не пристапувате и/или ja користите www.lipa.com.mk

  1. СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино се обврзува дека ќе се придржува до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница.

Во случај доколку одлучиме да ја промениме Политиката за приватност, промените ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност и на други јавни места. Политиката за приватност нема да се менува во насока да биде помалку заштитничка од претходната, без за тоа да има согласност од засегнатите корисници.

Го задржуваме правото да ја менуваме Политиката за приватност во кое било време и затоа Ве замолуваме да ја проверувате почесто.

  1. ЛИНКОВИ ДО ДРУГИ САЈТОВИ

www.lipa.com.mk  може да содржи линкови кон други сајтови кои не се во сопственост и под контрола на ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино.  Ве поттикнуваме да бидете свесни кога го напуштате нашиот веб-сајт да ја прочитате политиката на приватност на сајтот на кој сте се префрлиле. Оваа Политика за приватност се однесува само на информациите кои се собираат од овој сајт.

  1. КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Доколку имате било какви барања, прашања или предлози во врска со оваа Политика за приватност или во врска со собирањето, користењето и откривањето на вашите лични податоци, ве молиме да не контактирате на:

E-пошта:hello@lipa.com.mk.

Телефон: 078 333 658

Доколку не контактирате, ние ќе Ви одговориме на истата адреса од која сме го добиле барањето или која Вие сте ја навеле. Вашата адреса нема да биде искористена за ниту една цел освен за да одговориме на Вашиот допис. ДТУ ЛИПА ДООЕЛ Мустафино може да ги чува Вашите пораки кои сте ни ги испратиле со цел да послужат како доказ при евентуален спор.

Објавено на: 01.12.2021 година