Нашите

Услуги

Дегустации на органско вино

Постојат над 72 законски адитиви дозволени во производството на вино и многу од нив завршуваат во конвенционалното вино.

Тие помагаат на винарот да го контролира вкусот, аромата и текстурата.

Спротивно на тоа, органското вино не содржи адитиви и органското вино е направено од грозје одгледано на органски, природен начин и по строги правила на органско произвотсво во ЛИПА каде не се користат пестициди, хебрициди и други хемикалии.

 Во ЛИПА органската фарма во с. Мустафино сите љубители на органски производи и љубители на вино може да дегустираат органско вино.

Дегустација на традиционална храна

Во ЛИПА сите љубители на традиционална храна припремена на традиционален начин со природни и нетретирани прозводи, вкусни рецептети на  пити, сарма,тавче гравче, полнети пипер, домашни зелници, мекици, фалафел, хумус, домашно сирење и  скара од месо од домашно одгледани животни .

Разни видови зимници по порачка

Традицијата во минатото беше дека секое семејство од раната есен припрема зимници од разни видови зеленчуци, за да во студените зими на софра се вкусат убавините на традиционалните јадења. Денес се повеќе и повеќе таа традиција бледее, но затоа е тука ЛИПА каде може да си порачате зимница и повторно да вкусите убава храна.

Дистрибуција на производи за органско производство

Дистрибуција на производи за органско производство (ова дополнително во зависност од сто ке се договори со компанија за достава)

Селектирање на 125 разни видови зрнести култури

Сите оние што сакаат услуга  да селектираат, а немаат специјални услови за тоа  Липа  ја    обезбедува таа услуга како  специјализирана и опремена  со 3 вида на селекрои и тоа  селектор кој ја прима и чисти зрнестата култура, селектор кој ја  селектира зрнестата култура по големина и трет селектор кој селектира по боја.

Пелетирање на луцерка

Метода која ја обезбедува ЛИПА за складирање на луцерка со користење на машина која врши компресија и крајниот производ е пелета од 0,8.

За фармите истата услуга се обезбедува и со додавање на микс.

Лупење на сончоглед

Услуга која со специјализирана  машина сончогледот го лупи и се добива чисто зрно.

Жетва на грав

Услуга користејќи  специјална машина за жетва на грав која го чука и лупи и на крај вади чисто зрно.